Archos е француска компанија која произведува електронски уреди за крајните корисници основана во 1988 година.
Првиот свој таблет официјално го пуштиле во продажба во 2009 година а денес имаат голем број таблети кои се познати и конкурентни на пазарот.
Целокупната архитектура на овој таблет се базира врз работата на моќниот OMAP4 процесор од Texas Instruments кој е повеќејадрен процесор со работен такт од 1GHz. Со помош на овие перформанси, крајниот корисник може да очекува перфектно сурфање и прегледување на Full HD 1080p видео користејќи H.264 High profile кодеци со над 30 слики во секунда.
Редакцијата на Ентер детално се запозна со перформансите на овој таблет и за него може да ја прочитате рецензијата во рубриката хардвер