Со секоја измината недела се појавуваат се повеќе новини и шпекулации во врска со новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8.
Најновата вест за Windows 8 е новиот начин на отклучување, наречен
Picture Password. Иако звучи како систем за препознавање за лица, всушност станува збор за систем кој користи фотографија врз која корисникот има запишано одредена гестикулација.
Една од шпекулациите поврзани со Windows 8 е тоа дека Nokia планира Windows 8 таблет компјутер, чија премиера треба да биде во средина на јуни на конференцијата Nokia Connection.
Според
Digitimes, можностите кои ќе ги нуди Windows 8 ќе придонесат за пораст на побарувачката на LCD екрани на допир.
via
PCWorld