Прочитано 175 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Вести од фронтот на паметни телефони

HTC во рок од само неколку години успеа да стане еден од водечките произведувачи на паметни телефони во светот. Меѓутоа успехот на HTC полека почна да овенува. Тајванската компанија во последните осум сесии има опаднато дури за 30 отсто. За да излезе од лошата ситуација, HTC најавија нови модели за наредната година, како за САД, така и за глобалниот пазар.

HTC за прв пат откако започна со производство на паметни телефони се соочува со пад на продажбата, Samsung пак од друга страна има прилично одлична година, благодарение на одличната продажба на Samsung Galaxy S II. Компанијата очекува наредната година да ја надмине солидната продажба од 2011. За овој успех најодговорен ќе биде Samsung Galaxy Nexus.

Најновото истражување на GfK покажа дека Apple има најверни корисници. Според истражувањето, дури 84 отсто од сопствениците на iPhone имаат изјавено дека повторно би купиле iPhone, додека 60 отсто од корисниците на Google Android изјавиле дека ќе останат на телефони кои го работат на истиот оперативен систем.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
100%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник