Прочитано 156 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Тајланд ќе цензурира твитови

Twitter минатата недела најави дека во одредени држави ќе цензурира твитови. Не поминаа ниту три дена, и веќе ја имаме првата држава која планира да ја искористи оваа промена на Twitter.

Тајланд е првата држава која планира да цензурира твитови. Оваа азиска држава минатата година има побарано од Facebook да се тргнат над 10,000 страници кои ги имаат прекршено локалните закони. Според тајландското министерство за информатика и комуникациски технологии, Тајланд наскоро ќе стапи во контакт со Twitter за идна соработка при цензурирање на твитови.

Според законите на Тајланд, забрането е критикување на кралот и кралското семејство, па оттука многу често оваа азиска држава има испраќано барања до разни интернет сервиси за отстранување на содржини кои ги прекршуваат овие закони.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Поврзани содржини

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник