Samsung го објави својот финансиски извештај за последниот квартал од минатата година, според кој корејската компанија има заработено 4,7 милијарди долари.
Samsung од година во година ја зголемува својата заработка за 1,8 милијарди долари. Во четвртиот квартал, корејската компанија има приход од 42 милијарди долари, бројка која најмногу се должи на одличната продажба на мобилните телефони.
Samsung во четвртиот квартал има продадено 300 милиони мобилни телефони, што е 40 отсто од приходот на компанијата, и половина од оперативниот профит.
Покрај одличната продажба на мобилните телефони, Samsung има остварено профит и од бизнисот со полупроводници, како и од LED телевизорите.
Samsung
очекува продажбата на мобилни телефони да продолжи да расте и во 2012.