Со цел подобро да го промовира најновиот оперативен систем за паметни телефони, Ice Cream Sandwich, официјалната веб страна на
Android стана поубава.
Доколку одамна не сте ја посетиле страната, разубавената веб дестинација ќе ви понуди приказ од иновативни, нови алатки како Face Unlock - зголемена безбедност преку детекција на лица. Покрај ова, можете да прочитате за најразлични совети за оперативниот систем и отклучување на бројните потенцијали.
Присутен е и Android Market Collections и серија од апликации за почетници, гејмери и патници.
Проверете ја новата страна
тука.