Прочитано 135 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Nokia ќе отпушта 4000 вработени

Nokia најави дека би можела да отпушти дури 4000 вработени од фабриките за паметни телефони во Мексико, Унгарија и Финска. Наместо во овие држави, финската компанија планира да отвори фабрики во азија, со цел да ги намали своите производни трошоци.

Nokia планира да го преполови бројот на вработени во фабриките Комаром (Унгарија), Рејноса (Мексико) и Сало (Финска), фабрики кои вкупно прехрануваат 8,900 вработени. На крајот од 2011, Nokia ја затвори фабриката во Члуј, Романија.

Со селењето на производството во Азија, Nokia ќе биде покомпетитвна со останатите произведувачи на паметни телефони. Фабриките во Азија ќе овозможат да се зголеми производството на Windows Phone Lumia телефони. Ова ќе придонесе во брзо време да се лансираат нови модели, како и зголемување на присуството на Lumia во што повеќе држави.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник