Моzilla најави дека на конференцијата Mobile World Congress во Барселона ќе претстави продавница за апликации, наречена Mozilla Marketplace, и веднаш ќе им овозможи на програмерите да ставаат свои апликации.
Продавницата за апликации на Mozilla е изградена врз отворени веб технологии и HTML5, овозможувајќи им на програмерите да креираат апликации што ќе работат на разни уреди и платформи. Оттука, корисниците ќе можат да купат апликација и потоа да ја користат на било која платформа или уред.
Продавницата за апликации на Mozilla е тесно поврзана со проектот Boot to Gecko, кој претставува мобилен оперативен систем базиран на веб. Оваа технологија својата премиера ќе ја има на Mobile World Congress, како и партнерите со кој Mozilla ја има изградено.
Оперативниот систем B2G, кој е направен врз Linux кернелот, би требало да изгледа слично со Firefox за Android. B2G нема да биде компатибилен со Android и нема да може на него да се користат Android апликации.
Моменталната
спецификација за B2G покажува дека овој оперативен систем ќе поддржува акселерометри, геолокација, камера, инстант пораки, Open Web апликации и многу друго.
B2G ќе го има корисничкиот интерфејс Gaia и ќе содржи сопствен веб прелистувач, продавница за апликации, читач за е-книги, медиа плеер, како и поддршка за камера и фотогалерија.