Прочитано 629 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Европа се крена против ACTA

Благодарение на разните протести против ACTA, постојат големи шанси овој закон да не стапи во сила во Европската Унија.

Полска, после протестите против ACTA, реши да ја стави во мирување ратифакацијата на овој закон. Изминатиот викенд во Словенија исто така се протестираше против ACTA. На улиците во Љубљана излегоа 2000 луѓе да се спротистават на потпишувањето на контроверзниот закон.

Грчките хакери во знак на протест ја имаат хакнато веб страната на грчкото министерство за правда, наведувајќи дека грчката влада не ја почитува волјата на своите граѓани. Грчката влада е предупредена дека има две недели да ја запре ACTA, во спротивно ќе бидат хакнати повеќе од 300 веб страни.

Во Бугарија, интернет провајдерите исто така се противат на потпишувањето на овој контроверзен закон. Дел од бугарските политичари, слично како и нивните колеги од Полска, во парламентот протестираа против ACTA носејќи Гај Фокс маски.

Интересна е ситуацијата во Романија, каде премиерот изјави дека не знае зошто потпишал за ACTA. Веднаш после ова премиерот на Романија си даде оставка. Опозицијата вети дека ќе го суспендира воведувањето на ACTA.

Ова се навистина добри вести за слободата на интернетот. ЕУ функционира на тој начин што доколку една држава не го ратификува овој закон, тогаш тој не може да стапи во сила во ниту една друга држава од Европската Унија.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник