Apple на кратко успеа да достигне вредност од 400 милијарди долари. Оваа е до сега најголемата вредност која Apple ја има забележно. Apple моментално е највредната технолошка компанија во светот.
Рекордната вредност на Apple е поголема од бруто домашниот производ на Грција, Австрија, Аргентина и Јужна Африка. Повеќе интересни споредби за тоа колку Apple всушност вреди, можете да најдете на блогот
Тhings Аpple Is Worth More Than.
Наредната недела Apple треба да го објави својот финансиски извештај за 2011, во меѓувреме аналитичарите предвидуваат дека технолошкиот гигант во споредба со минатата година ќе има раст во продажбата од дури 45 отсто.