Прочитано 150 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Apple нема прекршено патенти на HTC

Американската интернационална комисија за трговија донесе одлука според која Apple не ги прекршува технолошките патенти на S3 Graphics, компанија која неодамна беше купена од тајванскиот произведувач на паметни телефони HTC.
 
S3 Graphics поднесе тужба против Apple минатата година во мај, обвинувајќи ја американската компанија за прекршување на четири патенти поврзани со нивната технологија за рендерирање на фотографии. Првичната пресуда беше на страната на S3, и HTC одлучи да ја купи компанијата за 300 милиони долари и со тоа да го зголеми своето портфолио на патенти, со цел да ја подобри својата позиција против Apple и останатите технолошки гиганти.
 
Но, сепак не е ништо готово, бидејќи во септември компанијата S3 Graphics поднесе нова тужба против Apple за прекршување на други патенти.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник