Прочитано 286 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Apple има нов прирачник за правење iOS апликации

Apple лансираше нов прирачник за програмери кој има за цел на лесен и едноставен начин да им помогне на програмерите да научат да прават апликации за iOS.

Сите програмери кои сакаат во 13 чекори да научат да прават апликации за iOS треба да ја посетат официјалната страница на новиот iOS прирачник, „Start Developing iOS Apps Today“.

Се разбира, малку е комплициран процесот на правење iOS апликации за да може да се научи во 13 чекори, но новиот прирачник може да послужи како одлична основа, делејќи го процесот во пет посебни дела, каде секој дел содржи линкови до ресурси за дополнително надградување на програмерите.

Според Apple, откако програмерите ќе го поминат прирачникот, ќе се збогатат со знаење, алатки и вештини за програмирање на iOS апликации.

Прирачникот започнува со вовед во алатките кои се користат за програмирање на iOS апликации, како на пример како да се Xcode софтверот за програмирање. Потоа продолжува со основите на програмирање, основен јазик на програмирање, шема на дизајн, работни рамки, дизајн на апликации, дизајн на кориснички интерфејс и информации за продавницата за апликации.

Прирачникот на крај наведува кои се следните чекори што потенцијалните програмери треба да ги направат.

Доколку сакате да научите да правите апликации за iOS, „Start Developing iOS Apps Today“ е вистинската почетна станица. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник