Прочитано 362 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Anonymous група го пушти изворниот код на Symantec

Група на Anonymous хакери го пуштија изворниот код на pcAnywhere и Norton AntiVirus, код за кој бараа 50,000 долари од Symantec, компанијата одговорна за Norton AntiVirus.

Според Крис Паден, портпаролот на Symantec, компанијата побарала помош од владина агенција да ги фати хакерите. Владината агенција отворила лажен профил на вработен во Symantec кој ги водел преговорите со хакерите. Се разбира ова не се покажало успешно бидејќи моментално на интернет има 1,27 GB од изворниот код на pcAnywhere.

Пристапот до изворниот код ќе им овозможи на хакерите да пронајдат слабости во програмите на Symantec и да ги искористат за понатамошни напади.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник