Прочитано 666 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Anonymous го хакнаа хрватскиот претседател

Хрватаската гранка на Anonymous ја хакнаа веб страната predsjednik.hr, откако хрватскиот претседател Иво Јосипович застана во одбрана на ACTA, пренесува хрватскиот портал dnevnik.hr.

Anonymous имаат испратено порака до порталот dnevnik.hr во која наведуваат дека причината за хакирањето на веб страната на претседателот е неговата поддршка на контроверзниот закон. Тие додаваат дека наскоро ќе следат нови напади и дека претседателот Иво Јосипович треба да ги очекува.

Претседателот Иво Јосипович има изјавено дека не може едноставно да се краде од интернет и дека треба да се најде нормална цена за авторски права да не би дошло до нарушување на приватноста и кршење на човековите права.

Најавени се протести против ACTA во Загреб, Осијек и Ријека.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник