Прочитано 403 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Ослободете ја моќта на Skype

Многумина ја користат Skype апликацијата или за аудио или за текстуална комуникација. Во поглед на тоа Skype нуди навистина квалитетна услуга, но доколку сте желни да ги збогатите таквите комуникации и да ја проширите лепезата од можности, прочитајте за целосното ослободување на моќта на Skype.
 
Снимајте ги видео и аудио разговорите
 
Постојат ситуации во кои сакаме да снимаме Skype разговори, независно од тоа дали се работи за носталгично присетување или пак "одредени" бескруполозни причини. :) Skype располага со над 40 такви апликации, но доколку барате бесплатно решение упатете се кон Pamela Skype 
 
 
Имајте во предвид, меѓутоа, дека постојат мали ограничувања и можете да снимате аудиo разговори до 15 минути или видео до 5; за повеќе Памела сака да се запознае со вашата виза и 25-те 
вропски пријатели :) (толку чини професионалната верзија).
 
Други солидни, а бесплатни аплтернативи се SkyHistory  и Qik 
 
Подолу се наоѓаат совети кои ги поставувавме претходните денови 
 
Оставете гласовна порака преку Skype
 
 
 
Дали знаевте дека можете да оставите лична гласовна порака која ќе се активира секој пат кога некој ќе ве побара, а вие сте недостапни во моментот? Следниот линк ќе ви објасни се што треба да знаете за поставување гласовна порака. Доколку не ви се допаѓа примарната гласовна порака, можете да снимате ваша, а ќе ве израдува и функцијата за автоматско активирање на гласовна порака и до луѓе кои ќе ве побараат и кога сте достапни (да, мислиме на здодевните контакти на кои многу им се прави муабет кога најмалку го сакате тоа). Опцијата за оставање гласовни пораки е исклучена, за нејзино вклучување следете ги упатствата од официјалниот сајт
 
Интегрирајте го Skype со Outlook
 
 
 
Дали знаевте дека Skype Email Toolbar ви дозволува да ги споите Skype и email контактите преку Microsoft Outlook? Доколку го користитите овој клиент за е-пошта тогаш со Skype Email Toolbar секогаш кога ќе отворите е-пошта или кога ќе кликнете на контакт од адресарот ќе добиете листа од опции поврзани со можностите на Skype. Во поглед на приказот на опциите имате целосна слобода, можете да го менувате статусот, да додадете копче во полето со вашиот потпис и многу повеќе.  
 
 
 
 
Дали знаевте дека можете да го користите Skype за да ја споделите десктоп површината со лицето со кое разговарате, како би можеле полесно да добиете совет за инсталација на некој програм или исправање проблем?
 
Доколку сакате со некогo да споделите екран преку Skype се што треба да направите е да воспоставите аудио повик, и да ја изберете опцијата Share entire screen, за да може соговорникот да го види тоа што го гледате на површината. Од друга страна, одете или со опцијата Select window, за да види соговорникот само одреден прозорец.

Услугата е бесплатна за еден-на-еден повици 
 

Дали знаевте дека Skype ви дозволува да го прикажете вашиот моментен Skype статус и преку вашата веб страна или блог. Пример, на следната адреса можете да креирате Skype копче за кое се генерира HTML код кој подоцна се поставува на вашата веб страна или блог.
 
Сите што ќе го посетат блогот или веб страната ќе добијат информација за вашиот Skype статус и соодветни опции за понатамошна комуникација. Линкот ви дозволува да изберете функција (call me, add me on skype), начин на приказ (само икона или текст + икона), големина, стил, боја и позадина.  
 
Skype како средство за споделување фајлови
 
 
 
Дали знаевте дека можете да го користите Skype за споделување документи во најразлични големини?

Можеби не можете да испратите преку е-пошта документи поголеми од 10MB, но тоа не е случајот со овој мошне популарен сервис за комуникација. За успешно споделување документи изберете го саканото лице од листата на контакти, и во менито за разговор (Conversation), преку Send избете File и лоцирајте го документот преку ново-отворениот прозорец. Откако ќе го изберете документот кликнете ок > send и почекајте лицето од другата страна да го прифати барањето за споделување документи. 
 
Тоа беа најдобрите предлози кои успејавме да ги ископаме, се надеваме долго ќе ви служат и ќе допринесат да се освежи комуникативното искуство кое го доживувате со оваа алатка. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник