Cookies или колачиња се податоци кои содржат информации за вас, на вашиот компјутер, од страна на веб страни кои ги посетувате.
Сами по себе, колачињата не се опасни, тука се да помогнат да се понуди подобро корисничко искуство преку автоматско препознавање и сите предности кои доаѓаат со тоа. Едно колаче не е програм и една веб страна има пристап само до податоците од колачето кои тие го имаат оставено, а не и од колачињата на останатите сајтови. Колачињата доминираат уште од далечната 2000 година, но многу луѓе и понатаму гледаат скептично на нив, особено поради таканаречениот таргетиран маркетинг, каде, меѓу другото, се прикажуваат реклами во зависност од вашите прелистувачки навики.
Доколку сакате да им го забраните пристапот, користете
TACO за Firefox или
ChromeBlock за Chrome. Благодарејќи на овие помошни средства лесно ќе го спречите тајното следење на вашите прелистувачки активности.