Прочитано 531 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Windows 8 public beta во февруари?

Првата бета верзија на новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8 се очекува да се појави кон крајот на февруари.

Инаку, Microsoft би требало да ja претстави бета верзијата на Windows 8 во јануари на саемот за потрошувачка и електроника CES 2012 во Лас Вегас, но според The Next Web првата јавна бета верзија ќе биде достапна кон крајот на февруари.

Засега нема официјална информација од страна на Microsoft кога ќе излезе финалната верзија на Windows 8. Се претпоставува дека компанијата ќе се придржува кон распоредот на лансирање на досегашните свои оперативни системи, односно RTM верзија би требало да излезе во текот на летото, а финалната верзија наесен.

Microsoft го нарекува овој Windows 8 револуционерен оперативен систем кој ќе се разликува драстично од претходниот развој на компанијата. Новиот ОС ќе биде оптимизиран за екраните осетливи на допир, за таблетите и ќе може да работи на уреди со ARM процесори.

Microsoft денес треба да ја претстави онлајн продавницата за апликации за Windows 8. Новиот систем ќе се одликува и со т.н. „плочкаст“ интерфејс, наместо досегашните прозорци.

Сподели Мислење:

100%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник