Прочитано 346 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Скенер за врски од Bitdefender

Bitdefender, добропознатата компанија за антивирусен софтвер, ни носи една интересна и може да кажеме тотално корисна алатка.

За кого како, но утре се прославуваат два празника, денот на вљубените и денот на виното, па така креаторите на вируси, црви, бубачки и шумски ѕверки најчесто го искористуваат 14-ти февруари да му се „закачат“ на некој „заслепен“ од љубовта.

Шегата на страна, се повеќе се распространети вирусите и другите „штеточини“ кои сакаат да ја расипат вашата врска. Уште е свеж примерот за виртуелните „швалерки“ на Facebook кои можат да ви ја расипат врската.

Пред да биде доцна, или пред вие или вашиот парнер да станете мамка на овие вируси, ви претставуваме комплетно бесплатен сервис кој не бара инсталација на компјутерот, туку онлајн си ја завршува својата работа.

Пополнете ги полињата од левата страна или едноставно, регистрирајте се преку вашата Facebook сметка.

Relationship Scanner води сметка за вашата врска, а искрено, вие ако не водите сметка како треба, никој нема да ви помага. Верувајте му на вашиот парнер и во никој случај не им верувајте на злите јазици од интернетот. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник