Прочитано 421 пати
0 коментари
18.01.2012 10:35
ReFS, новиот податочен систем на Windows 8
Microsoft конечно јавно објави нешто повеќе детали за новиот податочен систем ReFS, кој пристига во пакет со Windows Server 8.
Официјално, името ReFS доаѓа од „Resilient File System“ или „отпорен податочен систем“, кој „внатре“ во Microsoft е познат под (кодното) име Protogon. ReFS ќе биде достапен исклучиво за Server верзијата на осмицата, а ќе биде применуван и во клиентските системи, за подоцна да стане и бутабилен. Иако Protogon е „најден“ во раните бета верзии на клиентскиот Windows 8 оперативен систем, засега нема да може да се користи.
ReFS би требало во целост да го замени веќе стариот NTFS, a притоа и да ги елиминира многуте делови од системот кој го користиме веќе 9 години. Именуваните стримови, објектните ID-a, кратките имиња, компресијата, енкрипцијата на ниво на датотеките (EFS), корисничките трансакции, sparse фајловите, хард линковите, проширените атрибути и квотите би требало да исчезнат, а ReFS ќе ја задржи компатибилноста со некои поважни карактеристики на NTFS системот. Споменатите отстранувања се потребни со цел да бидат отфрлени малку користените и помалку важните елементи, би се намалила неговата комплексност, како и самиот профилот на целиот систем.
ReFS е дизајниран да ја надополни Storage Spaces можноста на Windows 8, вклучувајќи ја верификацијата и авто-корекцијата на податоците кои би требало да претставуваат револуција. ReFS е специјално дизајниран со големо внимание во погледот на неограниченото скалирање, каде има и многу иновации за кои во иднина доста ќе читате.
Еве и неколку технички карактеристики за ReFS:
• Максимална големина на фајлот: 264-1 бајти
• Максималната големина на поединечен простор: 278 бајти со 16KB кластери (264 x 16 x 210), додека Windows stack дозволува 264 бајти.
• Максималната должина на називот на фајлот или патеката: 32К Unicode симбои
• Максималниот број на фајлови во еден директориум, односно директориуми во еден простор: 264