Windows корисниците од денес можат да го надградат својот Skype со нова
верзија. Станува збор за верзијата 5.8 која носи неколку новини.
Една од новините е можноста за HD видео разговори, се разбира за ова потребно е соодветна веб камера како и добра интернет конекција. Уште една новост е можноста за видео разговори со Facebook пријатели, без разлика дали имаат инсталирано Skype или не.
Позначајната новина е можноста за групно споделување на десктопот. Благодарение на оваа опција, Skype корисниците сега ќе можат да го споделуваат тоа што е на нивниот десктоп со максимум 10 корисници. За жал оваа опција е достапна само со Skype Premium, меѓутоа истото го нуди и Google+ Hangouts.
Во Skype 5.8 за Windows интегриран е и Bing алатник, како и опција да се кријат Facebook контактите кои се офлајн.