VideoLan, компанијата одговорна за VLC плеерот, планира наскоро да пушти нова верзија од својот најпознат производ. VLC 2.0 ќе биде достапен за Mac, Windows и Linux и ќе биде комплетно освежен, збогатувајќи се со нови опции како и сосема нов кориснички интерфејс за Mac.
VLC 2.0 ќе има поддршка за повеќе видеа кои се наоѓаат во RAR архива, ќе поддржува цел екран во Lion, Blu-Ray поддршка, Windows корисниците ќе добијат 64 битна верзија, како и редизајниран менаџер за титлови.
VLC 2.0 исто така ќе поддржува разни екстензии кои ќе им овозможат на корисниците да добиваат информации за филмовите, да твитаат, автоматски да преземаат титлови и многу други работи.
Плејлистите и видеото ќе бидат во ист прозорец, додека странична лента ќе овозможува брз и едноставен пристап до разни опции. Новиот интерфејс е далеку побрз и полесно се шири.
VLC 2.0 ќе можете да го преземете од следниот
линк, се разбира кога ќе биде достапен.