Adobe најави дека ќе престане да работи на мобилната верзија на Flash, со тоа предавајќи ја борбата на HTML 5. Добрата работа е тоа што Google е тука да им се најде на девелоперите кои работат во Flash. Во јули Google претстави алатка која претвора Flash .SWF документи во HTML 5 код. Станува збор за алатката Swiffy, која од сега ќе биде достапна и како екстензија за професионалната Adobe Flash алатка.
Според софтверскиот инжинер од Google,
Естебан де ла Канал, целта на Swiffy е да им овозможи на девелоперите да продолжат да користат Flash како девелоперска платформа, дури и кога прават анимации за платформи кои не подржуваат Flash. Swiffy екстензијата за Flash ја забрзува работата така што со само еден клик им овозможува на девелоперите да ја конвертираат анимацијата во HTML 5.
Екстензијата ја користи Swiffy алатката како веб сервис за пристап до последните конверзии. Добрата работа со оваа екстензија е тоа што корисниците не мора да ја преземаат секоја нова верзија на плагинот. Исто така иако екстензијата ги користи серверите на Google за да конвертира, резултите од конвертирањето се прикажуваат во корисничкиот интерфејс на професионалната Flash алатка. Екстензијата може да се преземе од страната на
Google Swiffy.