Прочитано 397 пати 0 коментари
First category (entire audience)

И Google патентираа отклучување со прст

Google ја патентираше својата верзија на движењето на прстот (slide-to-unlock) за отклучување на уредите со екрани осетливи на допир.

Патентот на Google, кој компанијата го поднела во 2000 година, освен самото заклучување на уредот, го опишува и методот кој му овозможува на корисникот извршување на барем уште една операција, на пример иницирање на повик или стартување на некоја одредена апликација.

За разлика од „обичното“ отклучување обично го враќа корисникот на екранот кој бил отворен пред заклучувањето на уредот, технологијата на Google веднаш го „носи“ корисникот до посакуваната активност.

Со оглед на тоа дека Apple веќе го има патентот за отклучување со движење на прстот, изгледа дека Google со додавањето на дополнителни можности ја загарантирал својата „егзистенција“ на пазарот на мобилни уреди. 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник