Прочитано 1129 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Google Chrome Beta за Android

Google конечно ја претстави својата прва бета верзија од својот интернет прелистувач Chrome, наменета за Аndroid.

Оваа верзија на Chrome ќе биде „ексклузивна“ само за таблет компјутерите и паметните телефони кои ја користат најновата верзија на Android, Ice Cream Sandwich. Од Google истакнуваат дека уште во самиот развој на апликацијата биле „исцртани“ принципите и приоритетите на овој производ – едноставност и брзина.

Освен брзината на прелистувачот, корисниците на располагање ја имаат и паметната адресна линија (omnibox) за брзо пребарување и навигација, а секако, тука е и можноста за синхронизирање на податоците како што се „букмарците“, отворените страници и слично.

Навигацијата низ табовите е едноставна само со лево-десно гестовите (swipе), а тука се и уште некои напредни опции кои ги има и во десктоп верзијата, како што се „incognito“ можноста за „приватно“ сурфање.

Со оглед на тоа дека станува збор за бета верзија, Google Chrome нема да ги исполни сите ваши очекувања, затоа што некои од функциите и не функционираат така добро како што треба. Од друга страна пак, Android Ice Cream Sandwich сега за сега го има само кај 1% од корисниците на мобилни уреди, па така, Google Chrome Beta ќе го поседуваат само посреќните од вас.

Пишете ни слободно кои се вашите искуства со Google Chrome Beta откако ќе го инсталирате.
 
 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник