Facebook го најави Хакер Купот за оваа година. Хакер купот е глобален натпревар во програмирање кој служи како алатка за регрутирање на нови програмери во компанијата.
Натпреварот се состои од неколку рунди, во секоја од нив натпреварувачите имаат задача да решат комплексни алгоритамски проблеми во најбрзо можно време.
Oние кои што сметаат дека ги имаат потребните вештини за Хакер купот можат да се регистрираат на следниот
линк. Како за почеток има три прелиминарни онлајн рунди кои ќе траат цел јануари, за потоа да следат две финални рунди кои ќе се одржуваат во главното седиште на Facebook.
Главната награда е 5000 долари, за второ место е 2000, 1000 за трето место. За повеќе информации можете да ја посетите Facebook
белешката посветена за овој натпревар.