Студентската организација EESTEC и македонската секција на IEEE, во периодот од 20.02 до 25.02 ќе го организираат третиот по ред семинар по роботика, Робомак 2012.
Робомак е најмасовната работилница на Балканот, каде 100-тина учесници од цела Европа ќе имаат можност да ги следат тренинзите од страна на македонски експерти во областа на роботиката.
На главниот натпревар, кој ќе се одржи на 25 февруари во 17:00 часот, во Македонска Опера и Балет, учесниците ќе можат да ги покажат своите вештини и успешната работа на роботи во 4 категории и тоа: Роботска трка, Хуманоид, Сумо, Напредно програмирање.
Според организаторите оваа работилница е одлична можност за практична работа на роботи, овозможувајќи им на студентите да се здобијат со практично искуство од областа на роботиката.
Повеќе информации за овој настан можете да дознаете на официјалната страна
robomac.mk.