На 21 декември, среда, во просториите на ФОН Универзитетот ќе се одржи настанот „The Dichotomy issue: Social Media and Classical Marketing“, кој е организиран од Httpool и EMBRA Corporation.
Настанот е наменет за бизнис заедницата на кој ќе учествуваат локални експерти од областа на маркетингот кои ќе говорат за актуелната состојба во традиционалниот и дигиталниот маркетинг во Македонија, реакциите и брзината на споделување на информации како и интегрирање на сите медиуми во една кампања.
Целта на настанот е дискусија помеѓу говорниците за искуството и резултатите од одредена кампања со користење на традиционални и онлајн медиуми. Дискусија е замислена да биде на основа на презентирање и пренесување на искуството за предности и пречки на одредена кампања особено на помладата генерација.
Говорници на овој настан ќе бидат Дарко Булдиоски, Душан Марковиќ, Ненад Ристовски, Искра Секуловска и Александар Попов.
За повеќе информации посетете ја официјалната Facebook
страница на The Dichotomy issue: Social Media and Classical Marketing.