Во периодот од 27-ми до 30-ти декември во Берлин се оддржува 28-миот најголем хакерски настан во Европа,
Chaos Communication Congress или 28c3. Хаклабот КИКА ќе одржи настан во исто време со 28c3, поставувајќи 2 live стрима од одбрани презентации од овогодинешната конференција.
Поентата зад овој
No Nerd Left Behind настан на КИКА е дружење со кафе, храна и пиво и да се биде во тек со најновите технолошки достигнувања и хакови, како и да се види што од тоа може да се примени и во нашата средина со цел подобрување на општеството во кое што живееме.
Chaos Communication Congress или 28c3 е конференција каде се собираат хакери од целиот свет кои што се занимаваат со развој на софтвер, хакирање на хардвер, компјутерска безбедност, биоинформатика, политика и активизам, физичка безбедност, ласери и роботи, летечки quad-коптери и многу други работи.
За повеќе информации посетете го официјалниот
блог на КИКА.