Скопскиот хаклаб КИКА од денес, 9 јануари, започнува со своите редовни настани за 2012. Како за почеток на новата година, во 19 часот ќе се одржи првиот настан, ГНУ/Линукс прва помош.
Целта на ГНУ/Линукс прва помош е да им помогне на сите оние кои ја користат оваа платформа a имаат некаков проблем кој самите не би можеле да го решат.
Kорисниците на ГНУ/Линукс исто така им се пружа можност да ги презентираат алатките кои ги користат и зошто ги користат. Целта на овие презентации е да се научи нешто ново за некоја алатка, како и споредба на различни алатки.
За повеќе информации околу работата на хаклаб КИКА, посетете го официјалниот блог на слободен софтвер Македонија.
via
Слободен софтвер Македонија