Прочитано 271 пати
0 коментари
01.02.2012 17:35
PowerShot SX40: Импресивен зум и избалансирани вредности
Импресивен зум од х35, замена на стариот CCD сензор со новиот CMOS, промоција на новиот DIGIC V процесор, ова се главните одлики на моделот PowerShot SX40 HS. На хартија изгледаат како збир на сувопарни информации, но во реалноста, приказната е поинаква, многу поинаква...
Canon SX40 изгледа идентично со својот претходник, SX30. Но, ако гребнеме под површината, ќе ни стане јасно дека внатре има навистина револуционерни промени, кои ќе ги израдуваат сите оние кои размислуваат да се подноват со апарат од таканаречената „bridge“ класа.
Процесот на фотографирање со SX40 претставува вистинско уживање, без разлика на тоа дали сакате мануелно да ги дефинирате поставките или, пак, ги користите предодредените режими на работа или автоматскиот режим.
Овој модел е наменет за напредните аматери кои не сакаат пред секоја фотографија да го поминуваат ритуалот на нагодување на поставките и истовремено сакаат напредни опции и голем зум.
Повеќе информации за PowerShot SX40 HS можете да прочитате во новиот број на Ентер, каде е посветено особено внимание на овој одличен фото апарат.