Nokia и Microsoft веќе од одамна заедно работат, меѓутоа тајванската компанија HTC сè уште инвестира во развој, правење и претставување на модели кои работат на Windows-платформата. Секој нов производ на оваа компанија е сè подобар.
HTC Radar е еден од телфоните на тајванската компанија кои работат на Windows-платформата.
HTC Radar е паметен мобилен телефон кој на прв поглед плени со својот едноставен и минималистички дизајн. Според големината, спаѓа во класата на средни уреди, со екран од 3,8 инчи и токму поради тоа во рака изгледа одлично.
Телото на Radar е направено од алуминиум со мал исклучок на долниот дел кој е направен од пластика. Токму пластичниот дел се отвора и овозможува пристап до приклучокот за СИМ-картичката. Всушност, тоа е и единственото нешто што може да се менува кај овој уред.
Батеријата е вградена и неменлива исто како и меморијата која е вградена и нема додатен влез за мемориска картичка.
Ќе треба да се задоволите со 8 GB меморија вградени во самиот телефон од кои 6,54 GB се достапни на користење. Не дека е малку, но кога знаете дека нема можност за додавање, некако ви е чудно.
Екранот е S-LCD со горила-стакло, навистина е одличен и идеално се вклопува во целата приказна околу HTC Radar. Всушност, густината на пикселите кај Radar е дури подобра од онаа кај Titan, Windows телефон кој е поскап од Radar, поради фактот што и двата уреда имаат иста резолуција, но разликата е во големината на екраните.
Подетални информации за HTC Radar можете да прочитате во 58-мото издание на списанието Ентер, кое веќе е достапно во сите трафики и супер маркети.