Импресии
Она што прво се воочува се двата LCD екрани поставени до копчињата за брз пристап. Тие се однапред дефинирани од страна на производителот што не значи дека не може да ги смените. Напротив, со помош на софтверот, нивната замена е повеќе од лесна. Само неколку клика и вие може да изберете било која опција од понудените и на екранчето ќе се замени описот со новата опција. Феноменално!
Во средината се наоѓа Scrool тркалцето со чија помош лесно може да се пристапи до неколку однапред дефинирани опции како што се Auto Scrool/Zoom, Cycle Layers, Brush Size и Canvas Rotation. Доколку сакате да се префрлите од една во друга опција, доволно е само да го притиснете средишното копче и на самиот екран ќе ви се прикаже опцијата која сте ја избрале. Дополнително, доколку во моментот не може да се сетите која опција ја користите, до тркалцето се наоѓаат 4 диоди од кои една секогаш свети и ја означува избраната опција.
Пенкалцето пак, нуди одлична ергономија и на него се наоѓаат два прекинувачи кои фабрички се дефинирани како двоен клик и десен клик, но и нив може да ги замените со помош на софтверот. Освен едниот крај на пенкалцето наменет за цртање, на другата страна се наоѓа виртуелната „гумичка“. Исто како кај класичните моливи, така и кај овој Stylus доколку направите грешка, со помош на другиот крај вие веднаш може да ги корегирате вашите цртежи. Во споредба со претходната генерација на stylus-и од intuos серијата кои имаа 1024 нивоа на притисок, овој stylus е осетлив на 2048 нивоа со што дополнително ја потврдува сериозноста на производителот дека се работи за професионална опрема на која е внимавано до најмалите детали. Според Wacom, еден врв би требало да „издржи“ 20 милиони движења врз површината а шумот е исто така доведен до минимум.
Софтверот кој е понуден за препознавање на ракописот е зачудувачки прецизен. Нуди и поправка на зборови (доколку се работи за англиски јазик), а покрај ракопис, може да се користи и виртуелна on-screen тастатура.
Брзината на отчитување на цртање е како да работите со молив и хартија. Без разлика дали притискате силно или слабо, брзо повлекувате линии или пак боите некоја површина со голема брзина, отчитувањето се врши инстантно и без губење на информациите кои сте ги внеле на работната површина.
Заклучок
Wacom Intuos 4 е табличка која има огромна разлика во перформансите и опциите кои ги нуди во однос на својот претходник intuos 3. Цената од 23 890 денари за многумина можеби е превисока, но верувајте дека табличката вреди за секој платен денар. Овој уред не би требало да се најде во рацете на корисници кои сакаат само да „се пробаат“ во дигиталната уметност затоа што да се учи на ваков уред би било навистина штета. За таквите корисници, имаме уште една табличка за која може да прочитате нешто повеќе во понатамошниот текст.
Предности и недостатоци
+ Тенок дизајн, лесно пренослив уред, брза реакција на движењата врз работната површина, перфектно осмислени копчиња за брз пристап, Stylos-от не користи батерија
- Со табличката не оди Bluetooth USB стикче, делот кај копчињата за брз пристап е во пијано-финиш и лесно се оставаат отпечатоци од прсти
Trust Slimline Wide Pen Tablet
Опис
Оваа табличка изгледа навистина елегантно и на прв поглед може слободно да кажеме дека купувањето на Wacom Intuos 4 би било залудно трошење на пари. Со работен простор од 25х15cm е конкурент на Wacom-от но она што има „под хаубата“ ќе го погледнеме во наредните неколку реченици. Оваа табличка има 16 персонализирачки копчиња кои може да се програмираат со помош на софтверот додека во горниот дел се наоѓаат 13 однапред дефинирани кратенки кои производителот смета дека секогаш може да ви се при рака. Интересен е дизајнот кој овозможува под работната површина да поставите фотографикја која може лесно да ја исцртате . Пенкалцето е со класичен изглед а за негово функционирање треба да се монтира една ААА батерија. На него ги има двете копчиња за двоен клик и десен клик и доколку ја занемариме „гумичката“ од горната страна на пенкалцето на Wacom, функционалноста и дизајнот е многу сличен.
Спецификации
| Trust Slimline Wide Pen Tablet |
| Работна површина | 250x150mm |
| Димензии | 320х250х15mm |
| Осетливост на пенкалцето | 1024 нивоа на притисок |
| Врска | USB |
| Резолуција | 2000 линии по инч |
| Максимална висина на пенкалцето | 5 mm |
| Копчиња за брз пристап | 21 |
Пакување и поврзување
Trust Slimline е спакуван во класична кутија во која, покрај табличката, може да се најде и stylos-от, батерија, постамент за stylos-от, 3 резервни врвови за stylos-от и диск со соодветните драјвери за нормално функционирање.
За поврзување на оваа табличка беше потребно да се избришат сите претходни драјвери и софтвер од други графички табли (во нашиот случај Wacom intuos) за да може да се инсталира оваа графичка табла. Ова не зачуди но сепак нема да го сметаме како недостаток. Со оглед на тоа дека го поддржува Windows 7 оперативниот систем, таа функционира беспрекорно и без да ги инсталираме потребните драјвери (што не беше случај кај Intuos табличката.
Импресии
Она што веднаш пробавме да го направиме е да направиме копија од некоја фотографија користејќи ја фолијата врз работната површина на која може да се постави одреден медиум кој сакаме да го ископираме. Еве како фунцкионира оваа опција.
Движењето на Stylos-от врз површината е значително побучно од Intuos-от и на моменти, брзите и чести движења не се регистрираат од страна на уредот. Ова е проблем доколку се бои некоја површина па така ќе мора да повторите неколку пати врз површините кои останале необоени.
Предности и недостатоци
+ ниска цена, убав дизајн, голем број на копчиња за брз пристап
- тежок stylus поради батеријата, спора реакција на брзи движења со stylos-от, повисоко ниво на шум од нормалното при работа на уредот
Заклучок
Двете таблички се во тотално различна класа на уреди па така би било невкусно да ги споредиме. Секој од нив има мали недостатоци и предности. Она што ни пречеше најмногу кај Wacom табличката беше тоа што се познаваа отпечатоци од прсти врз целата табличка додека Trust-от беше прилично спора табличка кога се работи за брзи и остри движења со пенкалцето. Како и да е, цената од 3650 денари за оваа табличка ги оправда сосема перформансите кои таа ги нуди. Погодна табличка за секој кој сака да проба како е да се биде дигитален уметник.
Двете графички табли ги позајмивме од Анхоч.