Прочитано 166 пати
0 коментари
21.02.2012 16:30
ZTE и Nvidia со заеднички паметен телефон
Кинескиот производител на паметни телефони ZTE во соработка со Nvidia го претстави својот паметен телефон, Mimosa X. Станува збор за паметен телефон кој е целосно составен од технологија на Nvidia.
Nvidia до сега придонесуваше во мобилната индустрија само со своите процесори, но Mimosa X претставува почеток на нова ера за Nvidia.
Mimosa X го користи Tegra 3 процесорот на Nvidia и Icera модем, производ на компанија која Nvidia ја купи во 2011. Новиот паметен телефон на ZTE има 4,3 инчен qHD екран со резолуција 960 x 540, Dolby звук, 4GB простор со можност за microSD картичка од 32GB и камера со 5 мегапиксели која нуди можност за HD снимање.
ZTE е позната по тоа што претежно прави паметни телефони од пониска класа, но со Mimosa X одлучува да влезе и на пазарот на паметни телефони од високата класа.
Mimosa X ќе се појави во вториот квартал од 2012.