Прочитано 859 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Погледнете како ќе изгледа HTC Sense 4.0

Изминатиот викенд се појави ROM на кој може да се види како ќе изгледа новиот Sense интерфејс на HTC моделите кои наскоро ќе се појават со Ice Cream Sandwich.

Станува збор за ROM која е наменет за HTC Endeavor, паметен телефон со квад кор Tegra 3 процесор кој својата премиера треба да ја има на конференцијата Mobile World Congress во Барселона.

Sense 4.0 ќе има подобрена типографија, како и подобрен начин на прикажување виџети и податоци. Sense 4.0 ќе ги позиционира јазичињата во зависност од тоа како уредот е наместен, исто така ќе прикажува и функции на копчињата за да ја намали конфузијата.

Исто така ќе бидат вклучени и нотификации кога уредот е заклучен, овозможувајќи им на корисниците да ги прегледуваат нотификациите без да мора да го отклучуваат уредот.

Можеби најинтересната новина е Guest Mode, режим на работење кој ќе им овозможи на корисниците да одберат што може да се пристапи кога некој друг го користи нивниот уред.

Голем број на апликации се подобрени во Sense 4.0, меѓу кои и апликацијата за камера, која сега ќе може да слика пет брзи фотографии и да ја одбере најдобрата.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник