Според
TechRadar, на Моbile World Congress во Барселона, од Nokia не очекуваат уреди наменети за почетниот пазар.
Се споменува „извесен“ Lumia 610 уред кој би требало да биде најевтиниот паметен телефон со Windows Phone оперативен систем.
Овој модел би требало да биде понуден во при-пејд опции кај мобилните оператори, а би требало да биде базиран на Tango верзијата на Windows Phone 7.
На светскиот мобилен конгрес би требало да биде прикажана и надградбата на Windows Phone оперативниот систем кој се очекува да биде оптимизиран за флуидна работа на уредите со послаб хардвер.
Со овој потег на Nokia и Microsoft целна група купувачи им се оние кои за првпат купуваат паметен телефон со релативно ниска цена од 150 долари. Тој дел од пазарот моментално е резервиран исклучиво за Android.