Добрата работа со паметните телефони е тоа што може да се конзумираат вести било каде во било кое време. Се разбира за попријатно искуство потребна е апликација која ќе ги прикажува сите омилени извори на вести во еден едноставен интерфејс. Одлучивме да ви понудиме две апликации, една за Android и една за iPhone.
За Android има голем број на апликации за читање вести, меѓутоа наједноставната и можеби најдобрата апликација е Pulse. Интересно за Pulse е тоа што овозможува да се доделат до 5 категории на типови вести. Па така на пример можете да си ги категоризирате вашите извори на вести во Свет, Бизнис, Спорт, Технологија, Забава. Вие самите можете да си именувате категории какви што сакате.
Вестите се прикажуваат во мали квадратчиња во кои се наоѓа насловот и фотографија, што и дава на апликацијата фин изглед. Отворените вести се прикажуваат на неколку начини, само како текст, во оптимизирана верзија за мобилни, или се дава опција да се отвори во веб прелистувач.
Оваа апликација е бесплатна и може да се преземе од следниот
линк.
Популарната апликација за iPad,
Flipboard, сега е достапна и за iPhone, нудејќи ги скоро истите функционалности, сè со цел да го олесни конзумирањето вести. Карактеристично за Flipboard, покрај тоа што влече содржини од веб страни и блогови, исто така влече содржини и од социјалните медиуми. За да се користи Flipboard најпрво треба да се отвори профил.
Секој пост или твит од вашите Facebook или Twitter профили во Flipboard изгледа како да е дел од некое списание. Исто така доколку немате време да ги прочитате, Flipboard ви овозможува да ги зачувате и да ги прочитате подоцна.