Прочитано 232 пати
0 коментари
20.02.2012 18:15
LG ја претстави конкуренцијата на Galaxy Note
LG го претстави својот најнов паметен телефон, Optimus Vu, кој според димензиите е на граница помеѓу паметен телефон и таблет компјутер, класа во која исто така припаѓа и Galaxy Note, претставувајќи директна конкуренција на овој модел на Samsung.
LG Optimus Vu има пет инчен IPS екран со однос на страните 4:3 и резолуција 1024 x 768. Optimus Vu со овој екран овозможува полесна прегледување на мултимедија и читање е-книги.
Овој паметен телефон е долг 5,5 инчи и широк 3,5 инчи, а во себе крие дуал кор процесор со 1,5 GHz, 32GB внатрешна меморија, 1GB DDR2 RAM, камера со 8 мегапиксели и предна камера со 1,3 мегапиксели.
Optmus Vu ќе биде испорачуван со Android 2.3 Gingerbread, но LG планира во многу брзо време да го надгради со Ice Cream Sandwich. LG Optimus Vu треба да се појави во март, но цената на овој модел се уште не е откриена.