Прочитано 126 пати
0 коментари
16.12.2011 14:00
LG и Prada го претставија третиот заеднички паметен телефон
LG и италијанската модна компанија Prada го претставија третиот заеднички паметен телефон LG Prada 3.0. Овој паметен телефон е комбинација на технологијата на LG и уникатниот стил на Prada.
Станува збор за навистина моќен паметен телефон кој има 1GHz дуал кор процесор со 1GB RAM, 4,3 инчен NOVA Plus TFT-LCD екран со WVGA резолуција од 800x400 кој овозможува гледање дури и кога сончеви зраци директно удираат во него, камера со 8 мега пиксели и можност за снимање со 1080p, предна камера од 1,3 мега пиксели, 8GB внатрешна меморија со поддршка за microSD, WLAN 802.11 abgn, и Bluetooth 3.0.
Можеби најинтересното за овој луксузен паметен телефон е тоа што има одличен стилски дизајн и е тенок само 8,5 mm. LG Prada моментално работи на Android Gingerbread, но постои можност за надoградба на Ice Cream Sandwich.