Прочитано 141 пати 0 коментари
First category (entire audience)

LG го претстави Nitro HD

Екраните со висока резолуција се моментално новиот хит на паметните телефони. LG го претстави своето најново оружје, Nitro HD, паметен телефон кој може да се пофали со 4,5 инчен екран со висока резолуција 1280x720.

Големината на екранот на овој модел е скори иста со големината на целиот iPhone 4/4S, но и покрај тоа пак е полесен отколку iPhone 4/4S. Покрај прилично импресивниот екран, Nitro HD има и 1,5GHz дуал кор процесор и 1GB RAM. Камерата од осум мега пиксели може да снима со резолуција 1920x1088. Nitro HD исто така има и предна камера од 1,3 мегапиксели, 20GB простор (4GB внатрешен и 16GB microSD), и микро USB.

LG Nitro HD работи на Андроид 2.3.5, но од LG најавија дека наскоро ќе може да се надгради со Ice Cream Sandwich.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник