Прочитано 273 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Apple трети по продажба на мобилни телефони

Истражувачката компанија IDC ги објави своите проценки за глобалната продажба на мобилни телефони во четвртиот квартал од 2011. Според овој извештај, Apple го има поминато LG по бројот на продадени мобилни телефони, доволно за третото место.
 
Благодарение на одличната продажба на iPhone 4S, Apple не само што го надмина LG за четвртиот квартал, туку и за цела година. Nokia и Samsung се уште ги држат првите две места, со далеку повеќе продадени мобилни телефони од Apple.
 
Nokia во четвртиот квартал има продадено 113,5 милиони мобилни телефони, земајќи 26,6 отсто од пазарот на мобилни. Samsung е на второ место со 97,6 милиони продадени мобилни, земајќи 22,8 отсто од пазарот. Apple во четвртиот квартал има продадено 37 милиони телефони и има 8,7 отсто од глобалниот пазар на мобилни телефони.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник