Прочитано 163 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Визуелно прелистување

Визуелно прелистување 
Кога сакате да побарате информации за некоја книга, игра или филм, обично го пишувате зборчето и добивате соодветни резултати во прелистувачот. Иако е најефикасна метода на која ништо не и недостасува, одредени луѓе и понатаму изнаоѓаат начини како да ги направат едноставните работи уште поедноставни. Таква е ситуацијата со говорно прелистување, каде добивате резултати во зависност од зборчето кое сте го изговориле. Одредени техники, меѓутоа, не само што го олеснуваат прелистувањето туку и го прават многу попрактично и ефикасно. Таква е ситуацијата со визуелното прелистување.
 
Фотофест 
На место да побарате податоци за најновата книга на Стивен Кинг преку внесување текст, зошто да не ја фотографирате корицата и автоматски да добиете резултати? Доколку имате телефон со Андроид оперативен систем, дефинитивно преземете ја апликацијата наречена Google Googles 
 
 
 
Благодарејќи на апликацијата, се што ќе фотографирате со камерата може да биде скенирано и искористено за пребарување на интернетот. Ова е особено корисно во ситуации кога ќе видите уметничко дело, како слика, но не знаете ништо за неа. Едноставно фотографирајте ја сликата и инстантно ќе добиете податоци за неа. Доколку патувате и наидете на одреден стадион, се што треба да направите е да го фотографирате и веднаш ќе го дознаете неговото име и сите пропратни информации.

 
Предности на визуелното прелистување 
Звучи забавно, но е и исклучително корисно во одредни ситуации. Пример, апликацијата препознава текст и можете да барате работи во зависност од скенираните текстуални симболи или пак да преведувате цели реченици од еден во друг јазик и обратно.
 
 
Доколку играте Sudoku, но и самите знаете дека не сте премногу добри, импресионирајте ги останатите со модерно мамење. Скенирајте ја загатката и добијте решение за неколку секунди. Технологијата е тука, постои и се користи од илјадници луѓе.
 
 
Еволуција на визуелното прелистување
Како што кажуваат авторите, апликацијата и самата технологија сеуште се во рана развојна фаза, но подоцна се очекува поверодостојна понуда на резултати и проширени можности при фотографирање. На пример, лесно ќе дознаете за која билка или дрво се работи само со фотографирање лист. Покрај оваа категорија, апликацијата моментно не е премногу успешна со автомобили, животни или храна.
 
Како ви изгледа? Ќе сликаме? :) 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник