Прочитано 240 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Сајт на месецот: StumbleUpon

StumbleUpon го прилагодува интернетот според вашите интереси. Едноставно избирате категории по ваш вкус, како книги, цртање, психологија, астрономија, и веб страната започнува со прикажување уникатни содржини (веб страни, фотографии и видео материјали) според претходно-избраните категории. Погледнете на што мислиме...
 
 
 
Со често користење, страната учи за вашите интереси и станува подобар во прикажувањето на содржините. 
  
StumbleUpon од неодамна доживува целосен фејслифтинг, и освежениот изглед е естетски попривлечен, со големи слики и алатник испириран од дизајнот на Google. За пофалба се бројните нови функции. Нашата омилена, Channels, ви дозволува да следите бренд, веб страна или личност, на ист начин како преку познатите социјални мрежи. Благодарејќи на тоа, лесно можете да видите за нивните најнови содржини и споделени линкови. 
 
 
 
Од друга страна, алатката Mode, ви дозволува да го изберете „форматот“ на прикажаните материјали, односно дали да бидат прикажувани само фотографии, само видеа или пак само вести.
 
Уште една интересна можност е опцијата History, во која се наоѓа листата од посетените страни, во случај да заборавите да сочувате некоја. 
   
Никогаш не знаете каде ќе бидете одведени, со StumbleUpon 

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник