Дали сакате да го проверите не само вашето знаење по англиски јазик туку и вашите "уметнички" способности? Доколку одговорот е да, тогаш
drawastickman.com е сајт само за вас.
На овој едноставен сајт, првин треба да нацртате едно човече, а со кликнување на done, ја следите приказната и го цртате тоа што ќе се побара од вас. Па така, кога ќе ве нападне змејот и кога ќе се побара од вас да нацртате sword, подобро да знаете што тоа значи и што треба да нацртате. :)
Токму така, сајтот е првенствено замислен за мали дечиња, но, невообичаената изведба би можела и постарите (или помладите во срце) да ги заинтересира.