Неодамна објавивме дека Google планира да стартува сервис кој ќе има за цел да биде директна конкуренција на Dropbox и iCloud, а денес веќе се појави фотографија од тоа како ќе изгледа. Станува збор за сервисот Google Drive, за кој исто така се појави и потенцијалното лого.
Од фотографијата за Google Drive може да се забележи дека овој сервис ќе го има истиот дизајн како и останатите Google сервиси а ќе може и да се инсталира на компјутерот.
Ова значи дека Google би можел во многу брзо време да го пушти во употреба својот нов сервис кој ќе функционира на истиот принцип како и DropBox.
Корисниците ќе можат да закачуваат документи на серверите на Google и ќе можат да пристапуваат до нив од било кој уред со пристап до интернет.
Google се уште го нема искоментирано појавувањето на оваа фотографија.