Mozilla неодамна потврди дека ќе лансираат продавница за апликации во втората половина на 2012 година. Продавницата ќе нуди бесплатни и комерцијални апликации кои ќе можете да ги користите на кој било прелистувач, оперативен систем или направа.
Тристан Нитот, претседателот на Mozilla Europe зборуваше за клучната цел на продавницата и објасни дека сакаат да ја направат отворена за сите, а не да ги ограничуваат апликациите со одредени направи.
"Кога помислувате на iOS (Apple) пазарот, јасно е дека морате да купите направи за да можете да купувате софтверски апликации", објаснува Тристан и додава дека тие не гледаат така на работите и дека сакаат да ја искоренат оваа негативна страна на продавниците со апликации.
На прашањето кога ќе им биде достапна на корисниците, Нитот одговори не можат да лансираат продавница за апликации се додека немаат апликации. "Кога ќе имаме доволен број квалитетни апликации, ќе ја пуштиме како бета верзија, а на крајот на годината и како финална."
Firefox подолго време беше несопирлив ривал на Internet Explorer, но работите значително се променија во при крај на 2011 кога Chrome ја презеде круната и почна да се користи од 27% корисници, а огнената лисица го превитка опавчето и падна од 32% (2009) на 25%. Нитот не е премногу загрижен од таквите статистички податоци и објаснува дека, во поглед начинот на кој се остварува профитот, Firefox и Chrome не би требало да бидат споредувани.
Како не-профитабилна организација, Mozilla го работи тоа што го работи благодарејќи на бројните донации, од кои најголемата доаѓа од (изненадување) Google - токму поради тоа Firefox го препорачува веб пребарувачот на Google. Во 2010, 84% од целовкупните финансиски приливи на Mozilla дојдоа од Google. Можеби ја слушнавте и гласината дека Google ќе прекине со ваквите инвестиции, со што би можела да се загрози иднината на Mozilla, но пред новата година двете компании го продолжија договорот на три години и се согласија Google да оддели 300 милиони годишно, што е три пати повеќе од 2011 година. Firefox за возврат потребно е и понатаму да се фали со веб пребарувачот на Google. Mozilla e финансирана и од други онлајн компании, неисклучувајќи ги Bing, Amazon и eBay.
Што се однесува до плановите за верзиите на прелистувачот за паметни телефони, Mozilla ветува спартанска посветеност и забележително подобрување на функционалноста. Со последната верзија за Андроид, компанијата успеја да понуди забрзано вчитување на страните и подобрена синхронизација со мултиплатформските верзии на прелистувачот.
Патем, дали знаевте дека 480 милиони Firefox додатоци (add ons) се инсталирани од корисници само во 2011-та година?