Прочитано 365 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Падот на Chrome

Неколку пати до сега сме пишувавале за брзиот раст на Google Chrome во светот на интернет прелистувачите, ама овојпат вестите се тотално спротивни од она на што сме сите навикнати.

Уделот на Chrome на светско ниво паднал од 19,11 на 18,94 отсто.

Овој сериозен пад најверојатно е поврзан со неодманешните прекршувања на правилата за огласување, поради што самите себеси си се пенализирале со 60 дена деградација на PageRank-от и резултатите за Chrome кога луѓето ќе го пребаруваат поимот „browser“. Прекршувањето се случило со тоа што Google им платил на блогерите, за објавата на линковите кои ги праќале читателите до страницата за преземање на Google Chrome.

Некој ќе се радува, а некој ќе плаче, па така, радосни можат да бидат од Microsoft затоа што уделот на Internet Explorer се зголемил од 51,87 на 52,96 отсто. Освен Chrome паднале и Firefox од 21,83 на 20,88 и Safari од 4,97 на 4,90 отсто. Друштво на IE му прави и Opera, затоа што и нејзиниот удел скокнал, сепак за занемарливи 0,01 отсто, од 1,66 на 1,67 отсто.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник