Прочитано 569 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Кренете се против ACTA

SOPA, американскиот закон против пиратерија која го тресеше интернет неколку недели, привремено е повлечен, меѓутоа постои нова опасност која е далеку посериозна од SOPA.

Станува збор за ACTA, интернационален закон за кој пишавме минатата недела кој ќе претставува сериозна закана за слободата на говорот, пристапот до култура, за приватноста, ќе влијае негативно на иновацијата, и сето ова за забавната индустрија и разни корпорации да можат уште повеќе да ги полнат своите трезори.

Страшното е тоа што голем број на државите кои спаѓаат под овој договор веќе го имаат потпишано или ратификувано. Европскиот парламент наскоро треба да го ратификува овој закон а тоа не смее да се случи.

Организацијата AVAAZ поткрена акција за спречување на оваа ратификација. На нивната веб страна се собираат потписи за петиција која ќе биде предадена во европскиот парламент.

Доколку сакате да користите интернет без да се грижите дали вашиот интернет провајдер ве надгледува, тогаш можете да се упатите на веб страната на AVAAZ и да ја потпишете петицијата.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник