Моментално во САД е предложен закон против онлајн пиратеријата кој доколку се усвои би можел многу негативно да влијае врз иднината и слободата на интернетот. Се разбира, доколку се усвои овој закон, голема е веројатноста дека и други светски држави би можеле да го следат примерот на САД.
Движењето против овој закон, наречено
American Censorship, креираше инфографик во кој е опишано како ќе функционира овој закон и како ќе влијае на иднината на интернетот. Законот против онлајн пиратеријата ќе и даде за право на американската влада да оневозможува пристап до одредени веб сајтови. Станува збор за цензура, која моментално се користи само во Кина, Ирак и Иран.
Според инфографикот, за сајт да биде блокиран доволни се само неколку линкови што прекршуваат одредени закони. Оттука, сајтовите ќе започнат самите да си се цензурираат, и со тоа ќе се намали слободата на говор. Исто така ќе се намали и бројот на стартапи. За повеќе информации погледнете го приложениот инфографик.
(за подобар преглед отворете ја сликата во ново јазиче)