Новиот изглед на Facebook профилите кај некои од корисниците не поминаа баш најдобро, па голем дел од незадоволните корисници бараат начини како да го вратат стариот изглед на своите профили.
Се разбира постојат луѓе кои сакаат да го злоупотребат тоа, па имаат направено групи и страници во кои наведуваат дека постои решение како да се врати стариот изглед. Треба да се напомене, да не се залажувате на вакви групи и да не им верувате, бидејќи Facebook Timeline не може да се промени.
Голем дел од овие групи и страници наведуваат да „лајкнете“ нешто и потоа Facebook Timeline маѓично ќе се врати во првобитниот изглед. Иако некои од овие групи и страници само си поигруваат со корисниците, има и такви кои бараат да се инсталираат некои екстензии, кои очигледно се вируси.