Прочитано 635 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Добредојдовте во 1984, јас сум ACTA

SOPA, контроверзниот закон против пиратерија е привремено повлечен, но владите не се откажуваат од намерата да го контролираат интернетот. Моментално се спрема да се донесе нов закон,кој ги содржи истите контроверзии на SOPA, но со таа разлика што овој закон е мултилатерален и опфаќа голем број на држави, а не само САД.

Станува збор за ACTA (the Anti-Counterfeiting Trade Agreement), закон против фалсификување и пиратерија, кој во голем број од државите кои го опфаќаат е веќе потпишан или ратификуван. ACTA ги вклучува скоро сите држави во развиениот свет меѓу кои се цела Европска Унија, САД, Швајцарија и Јапонија.

ACTA чека да биде ратификуван во европскиот парламент и американскиот сенат, а е подготвуван зад затворени врати веќе подолго време. Забавната индустрија е главниот лобист и иницијатор за креирањето на овој закон.

Стапувањето на сила на овој закон ќе претставува сериозна закана за слободата на говорот и пристапот до култура. Исто така ќе претставува закана за приватноста, бидејќи интернет провајдерите ќе мораат да ги надгледуваат своите мрежи и корисници, во случај да не вршат „криминални“ дејствија.

ACTA ќе влијае и на иновацијата т.е. ќе предизвика застој во креирањето на иновативни решенија, процес кој зависи од веќе претходни креации, кои во случајот на ACTA нема да смеат да се користат.

ACTA не важи само за интернетот, во овој закон влегуваат и производи од физичкиот свет, лишувајќи голем број на луѓе од храна и лекови, само поради патенти.

За повеќе информации поврзани со ACTA, погледнете ги приложените видеа и прочитајте го овој краток PDF документ, дело на EDRI, организација која се бори за дигиталните права на граѓаните.
 


Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Спонзорирани линкови

Видеопотсетник